Им ги сечат рацете на Албино деца, и ги продаваат
,,Не можам да ви ја опишам болката…Имав околу 15 години, кога во нашата куќа влегоа пет мажи и со ножови ме нападнаа .” – вака почнува ужасната приказна на албино девојче од Танзанија, која е последната жртва на напаѓачите во оваа земја.
Напаѓачите влегле во нивната куќа и и ја отсекле раката за потоа да ја продадат.
Во некои земји се верува дека деловите од телото на албино луѓето, имаат магични моќи. Напаѓачите ги продаваат деловите од телото на нивните жртви на ,,црниот пазар”.
Тие веруваат во тоа дека луѓето се подготвени да платат од 3.000-4.000 фунти за нога, или пак по 50.000-75.000 фунти за целото тело.
Ова е само една многубројните трагични животни приказни на албино луѓето во Танзанија. Во последната година 8 албино деца настрадаа во вакви брутални напади.
Во следново видео, девојчето ја раскажува нејзината ужасна животна приказна:
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати