Илјадници гости на „Голачките фолклорни средби 2019“

Планината Голак синоќа беше зборното место на илјадници посетители од Делчево, Виница и околните општини, иселеници од повеќе земји и гости од соседна Бугарија, кои беа дел од новото издание на „Голачките фолклорни средби 2019“.
На сцената на Меѓународниот фестивал кој има единствена цел афирмација и промоција на фолклорното богатство од земјава и од регионот, на сцената настапија над 200 учесници од фолклорни друштва од Измир-Турција, женска и машка фолклорна група „Бистришки извори“ од Дупница, Р. Бугарија, како и културно-уметничките друштва „Кирил Пејчиновиќ“ од с.Теарце, „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица, „8 Октомври“ од Крива Паланка, ансамблот „Китка“ од село Истибања како и домаќините КУД „Никола Јонков Вапцаров” од Делчево.

– Се одржуваат многу фестивали насекаде, некои се и организациски поголеми, но „Голачките фолклорни средби“ остануваат уникатни на овие простори, бидејќи се слави фолклорот под отвореното небо и на највисокиот врв на Голак, Чавка, на 1538 метри надморска висина. Наша обврска и понатаму останува да го надградуваме, да го промовираме неговото значење и сѐ повеќе да го обојуваме со меѓународни бои. На сцената да има широка палета од народни носии, изворни и вокални традиции уникатни за одредени подрачја. На Голак фолклорот обединува, но и го чува живото наследство и традицијата, рече Трајковски.
За учесниците од село Истибања беше задоволство да се учествува на оваа реномирана манифестација.
-Фолклорниот ансамбл последен пат настапи пред 10 годинк овде, не покануваат организаторите секоја година, но поради гостувања надвор од Македонија, не бевме во можност да настапиме. Еве вечерва повторно ја имаме таа чест да настапиме на овој собир каде за прв пат ќе го презентираме обичајот спрема Ѓурѓовден, истакна раководителот на ансамблот Китка, Стојко Митковски.

-Доаѓам од Винча, мало место во околината на Белград. Ова што се случува на Голак е навистина прекрасно, секоја чест на општината за организацијата. Во родниот крај последен пат бев пред 9 години и да ви кажам поубаво од родното место нема никаде, истакна Илиевски.

Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
