Илир Кула: Заев е во состојба да направи сунет за да ги излаже Албанците

Истакнатиот албански аналитичар и експерт за меѓународна политика Илир Кула на крајот од една негова колумна ја критикува ДУИ, откако партијата на Али Ахмети ги даде мандатите за формирање на влада со губитникот на изборите.
-Доколку Заев не станеше премиер, Заев ќе беше политички мртов и ќе беше избркан од својата партија. Парадоксално, Заев ќе стане премиер како губитник на изборите со гласовите на тој што го руши на избори Али Ахмети, пишува Кула.
Според Кула, Заев е измамник, без морал затоа што се занимаваше со приватните животи на многу албански личности.
-Зоран Заев се занимаваше со приватниот живот на најталентираната албанска политичарка во Македонија, уништувајќи ја политички и навредувајќи ја како личност со единствена цел да ја руши довербата кај ДУИ и луѓето на Али Ахмети точно на моралот, и да продава морал. Зоран Заев е исто како да бараш морал во бордел, продолжува Илир Кула кажувајќи дека Зоран Заев го стави кечето на глава за да добие албански гласови, но ќе беше во состојба да направи сунет ако му беа потребни и гласовите на муслиманите “БЕСА”.
Кула на крајот од неговата колумна пишува дека ДУИ требаше да оди до крај со познатата платформа, да се држеше до политичките договори кои самите ги направија и да ја чуваше стабилноста на Македонија.
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
