Илинден достоинствено ќе го одбележат и Македонците во Албанија

Националниот празник на Република Македонија, Денот на двата Илиндена достинствено ќе го одбелажат и Македонците во Албанија.
Единствената македонска општина, со новата територијална поделба, општина Пустец, централната прослава ќе ја одржи утре, на 2 август, во Шулин, кај месноста „Шулинска ледина“, со почеток во 10:30 часот.
Во рамките на одбележувањето на празникот, предвидена е богата музичка програма и илинденски пикник.
- Се покануваат Македонците од Општина Пустец и од другите делови на Албанија достојно да го одбележиме Илинден, најголемиот празник на македонскиот народ, стои во соопштението од партијата на Македонците, МАЕИ.
Честика по повод Илинден до сите Македонци по род каде и да живеат, упати македонскто друштво „Илинден“ со седиште во Тирана.
- Честит и вековит да е најголемиот македонски празник - Илинден. Да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на Илинденско востание од 1903-та, стои во честитката на Илинден.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
