„Илинден“ до албанскиот омбудсман: Гораните се Македонци

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, реагираше на изјавата на албанскиот народен правобрнител Игли Тотозани во која Македонците од областа Гора ги именуваше како „горанско малцинство“.
- Народниот правобранител споменува некое горанско малцинство, кое живее во областа Гора. Во ова област не постои никакво горанско малцинство, туку тоа се етнички Македонци, нераскинлив дел од македонското ткиво. Не може од топонимот на областа да се извлекува име за жителите. Тие зборуваат македонски јазик и ги негуваат македонските обичаи и традиции, наследени од дедовци и прадедовци, изјави претседателот на друштвото „Илинден“, Никола Ѓурѓај.
Како што јави дописникот на МИА, Ѓурѓај нагласи дека друштвото понарало народниот правобранител повеќе да не ги нарекува Македонците во областа Гора „горанско малцинство“, бидејќи тоа е без основа и без никакви аргументи.
Областа Гора се простира дел во Албанија и опфаќа теритроија со девет села и дел во Косово со 18 села, сите населени со македонско население.
Ново на Сител
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
