Македонија
29. October 2023 - 15:19

Илиевски: Нарачани анкети не го покриваат фактот дека градоначалниците на ДПМНЕ ја изневерија довербата

Ниту една нарачана анкета не може да го покрие фактот дека градоначалниците на ДПМНЕ на чело со Мицкоски за 2 години немаат испорачани никакви резултати и тие се еднакви со нула. 

Неуспешното работење пробуваат да го прикриат со нарачани анкети. Но граѓаните не веруваат во тие анкети, граѓаните добро знаат дека нема реализација на ниту еден прокет во општините каде ДПМНЕ има свои градоначалници.

Одговор на новинарско прашање на Методија Илиевски, советник на СДСМ во Советот на Општина Битола