Илхан Ќучук: Новата бугарска Влада започна добар процес на зближување со Северна Македонија
Новата Влада во Софија успеа да започне добар процес кој има за цел да ги зближи Бугарија и Северна Македонија, да ја погледне историската перспектива, а во исто време да ја погледне и перспективата во ЕУ.
Ова за бугарскиот ТВ канал Нова ТВ го соопшти Илхан Ќучук, копретседател на либералната партија АЛДЕ, европратеник од ДПС/„Обнови ја Европа“ и постојан известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Ќучук, има тензија на историски, но не и на политички план. Тој рече дека работел со овие луѓе долги години и веќе ја има нивната доверба. Договорот меѓу двете земји од 2017 година, вели, го отвори евроатлантскиот пат за Северна Македонија.
Запрашан дали верува дека Бугарија треба да го укине ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, тој рече дека верува оти Бугарија треба активно да работи во рамките на правилата договорени меѓу двете соседни земји.
-Ќе биде голем пропуст на бугарската надворешна политика ако го дозволиме овој луксуз – Албанија да започне преговарачки процес, а Северна Македонија да се остави настрана, рече Илхан Ќучук.
Ново на Сител
-
Приведен 29-годишник кој избегал од кумановскиот затвор
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи