Иконому: Турција сноси одговорност за несреќите со мигрантите
Постојат огромни одговорности на турските власти за оваа трагедија, во најдобар случај пропусти, но да не бидеме наивни, бидејќи не е првпат да бидеме сведоци на вакво нешто, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на двете несреќи со мигрантите кај Лезбос и Ктира, во кои најмалку 17 лица го загубија животот, јави дописничката на МИА од Атина.
Иконому истакна дека „чамците не заминуваат сами од турскиот брег“, додаде дека „таквото неодговорно однесување на Турција од чие крајбрежје тргнаа чамците неизбежно води до трагедии“, а тоа што го сторија криумчарите, според него, е кривично дело.
-Во екстремни временски услови, во бесни води, на чамци кои немаат основни безбедносни мерки, да се качуваат луѓе за да ги однесат по ваков пат е кривично дело, рече портпаролот на грчката Влада. Премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис од Прага, пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница се осврна и на двете несреќи во Егејското море, изразувајќи длабоко жалење за трагично загубените животи и порача дека е време за суштинска соработка.
-Мислам дека е време вистински да соработуваме, многу посуштински со цел да се избегнат вакви инциденти во иднина и целосно да се искоренат криумчарите кои искористуваат невини луѓе, очајни луѓе, кои се обидуваат да стигнат на европскиот континент со бродови кои јасно не се пловни, рече Мицотакис.
Во двете одделни несреќи со чамци со мигранти, што се случија во текот на ноќта во близина на островите Лезбос и Китира, најмалку 17 лица загинаа, десетици се исчезнати, а над 80 беа спасени. Во првата несреќа кај Лезбос, според официјалните информации од грчката крајбрежна служба, извлечени се безживотните тела на 16 жени и едно дете, а спасени се девет жени.
Во однос на вториот бродолом во близина на островот Китира спасени се 80 лица, од кои 55 мажи, 18 деца и седум жени, а 11 од спасените се префрлени во болница. И во двата случаи, спасувачката акција на крајбрежната служба продолжува.
Ново на Сител
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО