ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Игор Јанушев, шеф на Републичкиот изборен штаб
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница, едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори.
Како што се наведува во соопштението од партијата, Извршниот комитет го задолжил Јанушев до следната седница да предложи состав на Републичкиот изборен штаб.
На состанокот членовите на ИК ги анализирале и досегашниот тек на акцијата „Обнова на Македонија“ и проблемите со кои се соочуваат, како што се наведува, илјадници граѓани кои пристапија и побараа решение.
-Беше констатирано дека граѓаните не сакаат лаги и измами како ветувањата на Зоран Заев, туку инвентивна, реална, остварлива програма која што ќе го подобри нивниот стандард и ќе ги врати вистинските вредности во Македонија, се посочува во соопштението.
Околу актуелната политичко-економска состојба, како што се наведува, „биле нотирани низа сомнителни однесувања на власта во заминување кои ќе треба да бидат истражени откако Зоран Заев ќе биде поразен и законите ќе важат подеднакво за сите“.
ИК констатирал и дека власта три години не направила ништо за аерозагадувањето, кое е повисоко од кога било. Скопје и други градови низ државата се на врвот на светските листи на најзагадени градови.
Од опозициската партија посочуваат дека на 12 април следат промени и оти по изборите почнува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?
-
Шокаровски – Ова е оркестрирана хајка за уништување на државната Кардиохирургија