ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати лица, зголемување на бројот на оздравени
Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 21 до 27 септември 2020г., тестирани се вкупно 9.691 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е 0,3% повеќе во однос на минатата недела.
Регистрирани сe вкупно 890 нови позитивни случаи од 31 град во државата што претставува намалување од 6,4% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=315; 35,4%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани – 175,1 на 100.000 жители.
Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 9.2% или 0.6 % помалку во однос на претходната недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=184, 20,7%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 години (n=172; 19,3%), 50-59 (n=161; 18,1%), 30-39 (n=152; 17,1%) и 20-29 (n=121; 13,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=28; 3,1%) и 10-19 години (n=72; 8,1%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=864; 97,1%), регистрирани се 138 (16,0%) хоспитализирани, а кај 231 (26,8%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број на нови случаи во периодот 21-27 септември, 332 (38,5%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 27 лица со историја на патување (во последни 14 дена).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 705 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што претставува зголемување за 11% во однос на претходната недела.
Пријавени се 28 смртни случаи, намалување од 41,7% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 23 лица биле над 60 години, 4 на возраст од 50-59 и еден од 40-49 години. Сите починати биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 25 починати лица.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојбата со Сovid-19 во Република Македонија 21-27.09.2020г., како и Кумулативната состојба со Сovid-19 во Република Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/.
Ново на Сител
-

Заврши судскиот процес против Фатон Љури за смртната сообраќајка на кејот на Вардар, пресуда на 29 декември
-

Нов обид на судиите и обвинителите преку Уставен да си обезбедат повисоки плати
-

Кривични за раководството на ОФС Охрид - го манипулирале системот на ФФМ
-

Прекинат прагот на аларамирање
-

Ајдован Адемоски почесниот конзул на Турција се обрати на новогодишниот коктел на Клубот на почесни конзули
-

Под влијание на влажен бран во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег
-

Приведена 45-годишна жена, одзела златен накит во вредност од 9.000 евра | ФОТО
-

Грчките земјоделци до петок нема да ги блокираат граничните премини Евзони и Ники
