Игор Југ: Се чувствувам понижен, требаше и јас 15-ка да изедам
Осудениот за насилствата од Собранието, Игор Југ, во својот говор денеска порача дека никогаш не би ги предал своите татковини, а во ваква ситуација, во неговата вистинска татковина – Хрватска, би бил прогласен за херој.
„Постојат две предавства што човек може да ги направи. Првото е да си ја предаде татковината, а второто е да си го предаде семејството. Многу сум горд што никогаш не сум ги предал моите две татковини. Вие оценете дали сум човек кој би предал семејство во кое мојата сопруга е самохрана мајка на четири малолетни деца. Финансиската состојба ми е, што би рекле во Куманово, „голо куче би побегнал“. Терористи се кријат во африкански, јужноамерикански држави. Својата слобода ја плаќаат со милионски суми. Со што би ја платил слободата?. Би дресирал кучиња на Орбан? Се чувствувам понижен, требаше и јас 15-ка да изедам. Немам што да ви кажам. Ќе ве поздравам на мојот мајчин јазик „За дом спремни, увјек и навјек“, рече Југ.
Ново на Сител
-

Шест нови мерни станици за следење на квалитетот на воздухот во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
