ИФЈ: Во 2020 година убиени 42 новинари и медиумски работници

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) по повод Меѓународниот ден на човековите права – 10 декември, објави документ насловен „Бела книга за новинарството во светот“ во која се предупредува дека годинава 42 новинари и медиумски работници биле убиени на задача.
Во истиот документ се наведува дека најмалку 235 новинари и медиумски работници во моментов се во затвор и оти против нив се водат постапки во врска со работата што ја работат.
Генералниот секретар на ИФЈ, Антони Беланже изјави дека намалувањето на бројот на убиства на новинари не може да ја прикрие „смртоносната опасност и заканите со кои се соочуваат новинарите поради нивната работа“.
Според податоците објавени на веб-страницата на ИФЈ, во последните три децении убиени се 2.658 новинари ширум светот.
Најмногу новинари годинава се убиени во Мексико – 13, со што земјата четврти пат е на врвот на списокот на ИФЈ во последните пет години.
На второ место е Пакистан, со пет убиства, додека во Авганистан, Индија, Ирак и Нигерија годинава се убиени по тројца новинари.
Ново на Сител
-

САД планираат нови царини за Канада и Мексико
-

Канада воведува привремена забрана за влез за жители на три африкански држави како мерка за заштита од ебола
-

Претседателот на Боливија доби пошироки овластувања за ангажирање на армијата
-

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам
-

Прскање против комарци во Југоисточниот регион в четврток и петок
-

Сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
