Ифет Бајрамоски избран за претседател на Основниот суд Струга
Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница го избра Ифет Бајрамоски за претседател на Основниот суд Струга.
- Претседателот на Судскиот совет на РМ Бранко Ушковски констатира дека и на оваа седница, применувајќи го мерит системот, на најтранспарентен начин за претседател е избран кандидатот кој ги исполнува условите и критериумите утврдени со Законот за судовите, во постапка и на начин утврдена во Законот и Деловникот за работа на СС, стои во соопштението од Судскиот совет.
Ушковски посочува дека за претседател е избран кандидат кој покрај другите услови и критериуми во последните две години од страна на Судскиот совет преку АКМИС системот е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на другиот кандидат има добиено најголем број бодови.
Сите членови на Судскиот совет, како што вели Ушковски, и во иднина ќе продолжат да ги применуваат највисоките европски стандарди и со тоа континуирано да го надградуваат основното начело, а тоа е „обезбедување на непристрасност и при изборот на претседатели и изборот на судии“
Ново на Сител
-
Азир Алиу: Државата во целост ќе го финансира понатамошното лекување на повредените во „Пулс“
-
Три села во Општина Кривогаштани оставени 2 месеци без вода на пеколни горештини, никој не им помага
-
Завршува младинската олимпијада во Скопје
-
Крушево домаќин на Светскиот куп во дисциплината прелети, присутни се најдобрите пилоти од цел свет
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски