-->
-->
Иџе најави славје на титулата во Хрватска!
-->

Старо-новиот европски шампион на ридски патеки во категорија 1, македонскиот автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, викендов ќе го има финалниот настап за оваа сезона на последната трка од Европското првенство на ридски патеки во Бузет, Хрватска.
Иџе на претпоследната трка во Словенија се стекна со недостижна предност на врвот во генералниот пласман што му овозможи втор пат по ред да го освои европската титула на ридски патеки. Зад него е импресивна сезона во која доминираше над конкурентите, тој забележа девет победи на одржаните 11 трки.
„Резултатот ни е во втор план, пред се тука сме да се забавуваме. Драго ми е што ќе допатуваат многу луѓе од Македонија, мои роднини, пријатели и поддржувачи чија помош многу ми значеше во текот на целата сезона. Се надевам дека ќе имаме убав викенд и сите заедно на крајот ќе ја споделиме радоста“, изјавил Иџе.
Бузет е една од легендарните трки во европскиот календар со импресивна конкуренција во сите категории, оваа година настапот го пријавиле 231 возачи. Во групата Н во која се натпреварува Иџе пријавени се 20 натпреварувачи од девет земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во живо од вселената: Астронаути првпат по повеќе од 50 години ја напуштија орбитата на Земјата, се упатија кон Месечината
-

Преглед на вестите од светот
-

Kaрдиолошкиот центар со нова метода за третман на периферна артериска болест
-

Андоновски: Се подготвуваме за електронски попис
-

Велигденски базар во домот за стари лица „Мајка Тереза“
-

Ристески: Ќе се субвенционираат и оние предадени килограми тутун кои ја надминуваат количината од договорот
-

Католичките верници ги почнуваат Велигденските празнувања
-

Преглед на вестите од светот
