Македонија
10. July 2015 - 12:23

Идниот петок е неработен за сите граѓани

Првиот ден на Рамазан Бајрам, петок 17 јули, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. 

Од Министерството на граѓаните со исламска вероисповед им го честитаат Рамазан Бајрам.