ИД тврди дека киднапирала Норвежанец и Кинез
Џихадистичката група Исламска држава (ИД) тврди дека киднапирала еден норвешки и еден кинески државјанин и бара откуп за нивно ослободување.
ИД на интернет објави фотографија од двајцата мажи, кои се облечени во жолти затворски униформи. Норвежанецот е претставен како Оле Јохан Гримсгард-Офстад (48) од Осло, а Кинезот како Фан Џинхуеј (50) од Пекинг.
Норвешката премиерка Ерна Сулберг во соопштение потврди дека норвешки државјанин е киднапиран во Сирија.
- Тоа е тежок и сложен случај. Правиме напори да го вратиме својот сограѓанин жив и здрав во Норвешка. Не смееме да потклекнеме на притисокот од терористи и криминалци. Норвешка не плаќа откупи, нагласи Сулберг, нагласувајќи дека животот на останатите Норвежани ќе биде во опасност доколку Осло ги исполни барањата на киднаперите.
Во врска со овој случај формиран е специјален кризен штаб со учество на дипломати, воени лица и луѓе од специјалните служби.
Ново на Сител
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво
-
Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево