ИД потисната од два стратешки важни градови во Либија

Либиските провладини сили презедоа контрола врз стратешки важните градови Нофалија и Бен Џавуд, кои важеа за упоришта на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Либија, јави ДПА.
Како што соопшти либиската Влада на национално единство, борците на провладината правоената група Сили за безбедност на либиксите нафтени објекти ги потиснале припадниците на ИД од Нофалија и Бен Џавуд.
Нофалија беше првиот град во Либија врз кој контрола презеде ИД на почетокот на 2015 година. Нофалија се наоѓа на 127 километри источно од градот Сирт и досега важеше за главно упориште на џихадистите во Либија.
Западните земји, кои ја поддржуваат Владата на национално единство во Триполи се надеваат дека таа ќе успее да ги обедини спротивставените фракции во земјата и дека ќе успее да се справи со огранокот на ИД во Либија.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
