-->
-->
Ибрахимовиќ разговараше со селекторот за враќање во шведската репрезентацијата
-->
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ може да се врати во репрезентацијата на Шведска. Според официјалната веб-страница на тамошната фудбалска федерација, селекторот Јане Андерсон имал средба со 39-годишниот напаѓач на која се разговарало за негово можно враќање.
– Кога Златан остави простор за враќање во националниот тим, ми се чинеше природно и важно да се состанам и да разговараме. Драго ми е што успеавме да го сториме тоа толку брзо. Средбата беше многу добра и пријатна, се согласивме да го продолжиме дијалогот , изјави Андерсон.
Ибрахимовиќ играше за репрезентацијата на Шведска од 2001 до 2016 година, одигра 116 натпревари и постигна 62 погодоци.
Шведска се пласираше на Евро 2020, каде ќе игра против Шпанија, Словачка и Полска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови