ИАТА: Загубите на авиокомпаниите оваа година - 84 милијарди долари

Кризата предизвикана од новиот коронавирус ќе им предизвика на авиокомпаниите рекордна годишна загуба од 84 милијарди долари и ќе биде запаметена 2020 година како „најлоша година во историјата на авијациската индустрија“, соопшти Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (ИАТА).
„Финансиски, ќе се сеќаваме на 2020 година како најлоша година во историјата на авијациската индустрија“, рече извршниот директор на ИАТА, Александар де Жуниак.
Сепак, тие очекуваат воздушниот патнички сообраќај да порасне за 55 проценти следната година, од депресивно ниво оваа година, но сепак ќе биде за 29 проценти под нивото од 2019 година.
Во својата ажурирана проценка, здружението предвидува дека авијацискиот сектор ќе продолжи да бележи загуба од најмалку 15,8 милијарди американски долари во 2021 година. Така, вкупните загуби како резултат на кризата поради короната ќе достигнат близу 100 милијарди долари.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
