-->
-->
Иако навидум изгледаат нормално, овие братчиња боледуваат од досега невидена тешка болест
-->

Погледнете ја ужасната но вистинита приказна за двете момчиња со ретка болест од која ќе ве полазаат морници.
Абдул Рашид (9) и Шоаиб Ахмед (13) се двајца пакистански братчиња, кои патат од мистериозна и многу ретка болест. Во текот на денот тие се многу активни момчиња, но како што заоѓа Сонцето тие стануваат како билки, се парализираат целосно, ниту се мрдаат ниту зборуваат.

Нивниот татко ги нарекува „соларни деца“, тврдејќи дека можат да ја црпат енергијата од Сонцето. Сепак ова е отфрлено откако децата се видени како се движат во текот на денот во мрачна соба, студено подрачје или во текот на врнежливите денови кога нема Сонце.

Доктор Џавид Акрам, професор по медицина на пакистанскиот институт за медицински науки, објаснува: „Овој случај е голем предизвик за нас. Нашите лекари прават тестови врз момчињата и се обидуваат да утврдат зошто тие се активни во текто на денот, а кога ќе зајде сонцето не можат да ги отворат очите, ниту да говорат или јадат“.






-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
-

Приведен 45-годишен гостиварец - Ја принудувал сопругата на сексуални односи и физички ги малтретирал нивните деца
