-->
-->
ИААФ ја суспендира Русија
-->

Меѓународната атлетска федерација (IAAF) привремено го суспендираше Атлетскиот сојуз на Русија поради допинг скандалот.
На состанокот на IAAF првремената суспензија на Русија била изгласана со 22 гласа ‘за’ и само еден ‘против’.
Поради допинг скандалот руските спортисти би можеле да ги пропуштат Олимписките игри во Ри де Жанеиро.
Светската антидопинг агенција, во понеделникот објави извештај во кој се наведува дека руските атлетичари и некои функционери се вмешани во користењето на допинг и уништувањето на допинг тестови.
„Многу е чудна одлуката на IAAF. Сепак ние мирно ние ќе регираме. Не очекувавме ништо друго“, изјавил за агенцијата АП, рускиот министер за спорт Виталиј Мутко, кој дополнил дека пости можност руските атлетичари да не учествуваат на Светското првенство во сала, кое во март идната година ќе се одржи во Портланд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
-

Преглед на вестите од светот
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
