И во Битола фатена 5,5 килограми марихуана
Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Е.М.(38) од село Будаково, општина Могила поради постоење основано сомнение дека пријавениот извршил кривично дело „неовластено прозводство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори” и „неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи”.
Од СВР-Битола информираат дека при претрес на домот на пријавениот пронајдена била една патничка торба со шест паковки, завиткани во најлонска и селотејп трака со вкупна тежина од околу 5,5 кг., марихуана и пиштол за кој пријавениот не поседувал дозвола.
На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.
СВР-Битола потврдуваат дека во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од полициска станица Битола, од лицето С.Е.(29) од Битола, одземени се 900 петарди марка „Пират“ и притоа лицето е лишено од слобода
Ново на Сител
-

Тема на денот со Даниел Стојчевски, пратеник од ЗНАМ
-

Се водат ли преговори за завршување на војната на Блискиот Исток
-

Дел од регионот се соочува со недостиг, а во Македонија дизелот поевтинува за еден денар
-

Цените на горивата може да ја забрзаат инфалцијата
-

Безбедносната состојба стабилна, Американците во светот повикани на претпазливост
-

СДСМ: Пратеничката група ни е стабилна, утре Централен
-

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходни се уставни измени
-

Онлајн радикализацијата како безбедносен проблем: Како се одвива екстремистичкото регрутирање

