ОН и Северна Кореја договорија комуникација
Северна Кореја и Обединетите нации, по посетата на помошникот-генерален секретар на ОН Џефри Фелтман на Пјонгјанг, постигнаа договор да комуницираат на редовна основа.
Фелтман и севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Џонг-хо се согласија дека моментната ситуација на Корејскиот Полусотров е нејопасниот безбедносен проблем во светот.
Посетата на Фелтман следуваше по високите тензии меѓу Северна Кореја, Јужна Кореја, Јапонија и САД, а како што се наведува во соопштението, претставникот на ОН оценил во Пјонгјанг дека проблемот може да се реши само по дипломатски пат.
Фелтман уште навел дека постои итна потреба од спречување погрешни пресметки и побарал отворање канал заради намалување на ризиците од судир, но побарал и имплементација на сите резолуции на ОН.
Тој е првиот функционер на ОН кој бил во посета на Северна Кореја од 2012 година.
Ново на Сител
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар