И ПСЖ е заинтересиран за Гризман

Францускиот напаѓач на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман повторно влезе во полето на интерес. Минатото лето тој беше на чекор од Барселона, но одлучи да остане, информирајќи за својата одлука со специјално подготвено видео.
Вчерашните информации во Франција велат дека Барселона го обновила интересот за играчот кој е разочаран од раната елиминација во Лигата на шампионите. Ситуацијата сепак ја следи и Пари Сен Жермен, каде што очекуваат разделба ова лето со Нејмар или Мбапе.
Дваесет и седум-годишниот Гризман повторно потпиша со „јорганџиите“ до летото 2023 година, со клаузула за раскинување од 200 милиони евра. Според француското издание „Екип“, до јуни таа ќе биде „само“ 120 милиони евра, што треба да ги натера дапобрзаат тимовите кои се заинтересирани за него.
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
