И официјално од 1 септември Лустрациска нема да отвора нови предмети

Од први септември и официјално престанува лустрацијата во Македонија. Мандатот на Комисијата за верификација на факти ќе биде максимум две години.
Ова се предвидува со Дополнетиот предлог на закон за престанување на важење на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, што беше изгласан денеска во Собранието. Законот го поднесоа пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Рафис Аљити и Антонио Милошоски.
Во рамки на 62. седница беше донесен и Дополнетиот предлог на закон за национална база на податоци за лица со инвалидност. Се предвидува воспоставување единствена електронска евиденција, односно национална база за лица со инвалидност. Се уредува и начинот на функционирање на националната база на податоци за лица со инвалидност, обработката на податоците во базата, користењето на податоците во базата, безбедноста на податоците и надзорот над функционирање на базата.
Националната база на податоци за лица со инвалидност претставува дел од интегрираниот здравствен информатички систем кој овозможува обработка и давање на користење податоци меѓу надлежните органи, со цел воспоставување на единствена евиденција на податоците и остварување на правата по основ на инвалидност согласно закон.
Пратениците во рамки на оваа седница започнаа со гласање по сетот закони од повеќе области кои се усогласуваат со Законот за прекршоци.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода скопјанец баран со потерница за затворска казна од една и пол година
-

Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје, нестабилно и во Полог и Овче Поле
-

ЦУК: Регистрирани пет пожари на отворен простор, еден сѐ уште активен
-

Сиљановска-Давкова и Бројер: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО, има простор за продлабочување на билатералната соработка
-

Мортус пијан тетовец со 2,49 промили алкохол сакал да ограби казино со нож
-

Мисајловски: Ги цениме германската поддршка и партнерство во развојот на нашата Армија
-

ЦУК: Активен пожар во кичевското село Србица, пожарот во селото Бајково во општина Ново Село под контрола
-

Платил 28.700 евра на лажен службеник за враќање на запленето злато, останал и без пари и без злато
