И неискористени апчиња дел од изложбата „Спам” од Илина Арсова

Стари предмети од различни материјали, меѓу кои и неискористени апчиња, се дел од изложбата од ликовната уметничка Илина Арсова насловена „Спам”, која синоќа беше отворена во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во Кавадарци.
- Наместо и при најмала болка да земаат лекарства, на сите им препорачувам да одат во природа на чист воздух, рече Арсова за МИА.
Шефот на Галеријата, ликовниот уметник Владимир Темков рече дека Арсова е повеќегодишен пријател на Кавадарци, учесник на Ликовната колонија „Михајлово” и до неа преку планини и ридови, во минатото дошла со велосипед.
- Нејзиното творештво е разновидно. Овојпат се претставува со нешто поразлично. Се работи за рециклажа на стари предмети, кои така рециклирани може да се користат во уметноста, додаде Темков.
Арсова рече дека и претставува чест и задоволство секогаш кога доаѓа во Кавадарци, градот во кој се чувствува како да е дома.
- Станува збор за стопроцентни рециклирани сликички направени од рециклирани предмети од различни материјали, на кои решив да им дадам втор живот. Сето тоа го користам како основа, па со една креативна димензија настапувам со сликарска интервенција, сликарството е мојата најдрага струка. Идејата е подигнување на еколошката свест, со цел намалување на отпадот и поздрава животна средина, нагласи Арсова.
Таа додаде дека сликичките функционираат и независно, но и како целина.
Актерот Диме Коцевски потсети дека Илина е родена 1982 година во Скопје, има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности и е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Поборник за заштита на животната средина и вљубеник во природата, височините и адреналинот, како значајна врска со ликовното творештво. Има реализирано бројни изложби, меѓу кои и сликарски перформанс на 5.600 метри надморска височина, по искачувањето на Монт Еверест, највисокиот врв во светот, како прва жена од Република Македонија.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

САД и Македонија со договор за реципрочна, фер и балансирана трговија
-

Меџити: Чекорот на Беса ќе го следат и другите партии за ВРЕДИ да прерасне во еден политички субјект
-

Скопскиот градоначалник најавува стартување на повеќе проекти
-

Од почетокот на годината во струмичко радовишкиот регион откриени над 20 случаи на дрвокрадство
-

АДКОМ и РКЕ бараат поддршка од ЗЕЛС за обврзувачки тарифи за водните услуги
-

Преглед на вестите од светот
-

Состанок на раководството на БЕСА
