И Љубчо Георгиевски застана во одбрана на Гарванлиев: Ова е шовинизам
По поддршката од потпаролот на СДСМ Костадин Костадинов за Васил Гарванлиев, се огласи и Љубчо Георгиевски лидерот на ВМРО-НП и искажа поддршка за овогодинешниот евровизиски претставник на Македонија кој поради бугарски пасош наиде на низа критики.
„Она што деновиве одредени групи од македонскиот народ му го прават на пејачот Васил Гарванлиев, одамна во општествените науки има своја дефиниција и се вика ШОВИНИЗАМ, напиша денеска на фејсбук Георгиевски.
Потсетуваме дека Гарванлиев најрвин беше обвинет дека во спотот за евровизиската песна се појавува Бугарското знаме, а потоа на социјалните мрежи протече и интервју во кое тој кажува дека има Бухарски пасош, по што следеа шестоки реакции, па дури на оваа социјална мрежа се шири петиција, чии наслов е Стоп за понижувањата со Евровизија 2021 година. Со петицијата се бара Македонската Радио Телевизија веднаш да го повлече настапот на Евровизија 2021.
Ново на Сител
-

Технолошкиот парк Н99 потпиша договори за соработка со арапската компанија SAVVY
-

Петрушевски: За СДС, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога не се работи за нивните кадри
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
