-->
-->
И го украле велосипедот, а потоа се случило нешто неверојатно
-->
Како и секој ден, малата Ален отишла во училиште со својот розев велосипед и го паркирала пред училишната врата. НО кога завршила со часовите велоспиедот повеќе не бил таму. Бесна и тажна и кажала на својата мајка. За да ја утеши ја однела во книжара, но на патот виделе нешто ужасно.
Нејзиниот розев велосипед кој на Ален и бил омилена играчка и превозно сретство, бил заглавен на дрво.
Крадецот не само што и го украл велосипедот туку и целосно го демолирал и го оставил. Велосипедот бил толку испокршен што немало шанси да се направи.
Девојчето било скршено, а нејзината мајка бесна. Не можела да верува дека некој може тоа да го направи од забава, посебно ја болело тоа што нејзината ќерка емотивно е поврзана за тој велосипед.
- Го обожаваше тој велосипед, не само затоа што сите деца си ги сакаат своите велосипеди туку затоа што и беше подарок од близок пријател кој повеќе не го гледа. Постојано се прашував како може некој тоа да го направи, бесна мајката на Ален.
Повикале полиција, ги пријавиле крадците и заминале дома. Не очекувале никакви резултати, но барам направиле тоа што морале.
По неколку часа, некој заѕвонел на врата.
- Беше полицаецот кој ја забележал нашата пријава. Ме праша дали може да разговара со Ален. Ја повикав и тој рече како срцето му пукнало кога ја видел колку била несреќна поради кражбата на велосипедот и дека жали поради тоа. На Ален и рече: понекогаш на добрите луѓе им се случуваат лоши работи без причина, но не смее да го пушти бесот во срцето, бидејќи ќе се случуваат и добри работи“.
Полицаецот во тој момент и го подарил новиот велосипед.
- не можев да си дојдам при себе. Само размислував за тоа колку е прекрасен тој човек. Воопшто не мораше да дојде да разговара со Ален, а дефинитивно не мораше да и купи нов велосипед.Засекогаш ќе останам благодарна на полицијата што мојата ќерка, не само што отиде да спие таа ноќ туку и што си ја врати вербата во луѓето, напишала мајката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид