-->
-->
И Филип Јиха во тимот на Лазаров
-->
Чешкиот ракометен репрезентативец, Филип Јиха, во новата сезона ќе го носи дресот на европскиот шампион Барселона, соопшти каталонскиот клуб на својата официјална интернет страница.
Искусниот,33-годишен ракометар во Барселона пристигна од Кил каде мина осум години. Јуха со европскиот првак потпишал двегодишен договор, а во тимот ќе го замени Никола Карабатиќ кој се пресели во Пари Сен Жермен.
Јиха веќе неколку сезони игра во врвна форма, во 2010 година беше прогласен за најдобар играч во светот, а во изминатата сезона на 33 одиграни натпревари за Кил постигнал 105 голови.
Јиха е третото засилување за екипата во која игра Кирил Лазаров, по Хрватот Марко Копљар и Полјакот Камил Сприжак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Штип ќе се гради медицински факултет и студентски дом
-
Власта и опозицијата со обвинувања за пожарите
-
Вековна традиција оживеана со нови младенци
-
Се отвори завесата на фестивалот Охридско лето
-
Георгиј устоличен за митрополит во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација