И денес повторно сончево и нестабилно време
Времето денеска во Македонија ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и град. Се очекува на места да наврнат над 35 л/м2 дожд. Во вечерните часови врнежите ќе престанат.
Утринската температурата ќе се движи од 12 до 18, а дневната температура од 23 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Ова ќе биде трет ден по ред со голема нестаблност на временските услови во глвниот град.
Утринската температура ќе достигне до 15, а дневната температура ќе достигне до 29 степени.
Во недела попладне на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен јужен ветер. Потоа во првите денови од наредната недела повторно во попладневните часови ќе има појава на нестабилност, но ќе биде полокализирана и повеќе ќе биде застапена во планинските предели.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен
-
ДКСК утре ќе му одговори на Собранието дали смее да бира претседател на Антикорупциска
-
Полицијата ја врати разрешената директорка од Демир Хисар од информативен разговор, не ја викнале денес
-
Мицкоски е подготвен да плати „политичка цена“ со непопулистички мерки против поскапувањето на храната