И Бајден оптимист за постигнување на договор со Хамас за ослободување на заложниците
Американскиот претседател Џо Бајден денеска сигнализираше дека договорот за ослободување на заложниците што ги држи Хамас во замена за палестинските затвореници држени од Израел и привременото примирје „сега е многу блиску“.
– Сега сме многу блиску, многу блиску, некои од овие заложници би можеле да ги вратиме дома многу брзо. Но, не сакам да навлегувам во детали, бидејќи ништо не е направено додека тоа не се направи, истакна Бајден.
Тој додаде дека „во моментот работите изгледаат добро“.
Израелскиот кабинет вечерва во 20 часот (по локално време) ќе одржи седница на која треба да биде одобрен договорот за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас уште од 7 октомври.
Пред тој состанок средба ќе има воениот и безбедносниот кабинет за договорот врз чија основа Хамас ќе ги ослободи заложниците, а Израел ќе ги ослободи палестинските затвореници.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека напредуваат преговорите за ослободување на заложниците.
– Се надевам дека набрзо ќе има добри вести, истакна Нетанјаху.
Високиот функционер на Хамас, Изат Ришк наведе дека во наредните часови може да се постигне договор, врз основа на кој палестинската организација ќе ги ослободи заложниците, а Израел ќе ги ослободи палестинските затвореници.
Во меѓувреме портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи Макед Ал-Ансари изјави дека преговорите се во „критична и завршна фаза“.
Неименуван извор изјави дека во договорот се вклучени и повеќедневно примирје, потоа Хамас да ослободи околу 50 цивили кои ги држи во заложништво, како и ослободување на палестинските жени и деца од израелски притвор.
Хамас и неговите сојузници киднапираа околу 240 лица во Појасот Газа на 7 октомври кога го нападнаа Израел, при што загинаа над 1.200 луѓе, во најголем број цивили.
Ново на Сител
-
Манасиевски: Ако Заев беше главниот ограбувач, Венко е неговата десна рака
-
СДСМ бара од ДКСК итна постапка за тендерот во МВР
-
Преглед на вестите од светот
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Tема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и еден од лидерите во ВРЕДИ
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Кога Владата официјално ќе го предложи Азир Алиу за нов министер за здравство?
-
За три децении 18 министри за здравство – Tаравари со два мандати, Tодоров најдолго во министерската фотеља