Македонија
15. March 2017 - 11:10

Хуманитарна помош за шестчленото семејство во село Градиште

Хуманитарна помош му донираше Црвениот крст-Куманово на шестчленото семејство во село Градиште кое живее во субстандардни услови.
 
Брашно, прехранбено-хигиенски пакети, кебиња, облека и обувки, се дел од помошта.
 
Црвениот крст-Куманово ќе го вклучи семејството во новиот циклус од проектите за хумана вредност, а планира и хуманитарен-спортски настан за собирање средства кои, исто така, ќе бидат наменети за ова семејство.
 
- Апелираме до сите хумани граѓани кои имаат покуќнина, кревети, каучи, комоди,..., а не ја користат, заеднички да му погнеме на шестчленото семејство, велат од Црвениот крст-Куманово.
 
Црвениот крст ќе продолжи да контактира со семејството цела година и во рамки на своите можности ќе му обезбедува најнеопходна помош. Во семејството има три малолетни деца.