-->
-->
Хуманитарна аукција на ликовни дела од Христо Петрески
-->
Здружението за помош и поддршка на лицата со посебни можности Интеракција плус од Скопје од денеска до 31 октомври организира аукција на ликовни дела кои се подарок од писателот Христо Петрески за децата со посебни потреби.

Подарени се повеќе од 100 врамени дела со стакло во формат А-4 и А-3, кои се нудат со почетна цена од 1.000 и 2.000 денари, а можат да се разгледаат секој ден од 8 до 20 часот во книжарницата „Феникс“ кај Универзална сала, но и на профилите Интеракција плус и Феникс книги на социјалната мрежа Фејсбук.
Собраните средства ќе бидат наменети за бесплатни третмани и вежби на децата со логопедски и дефектолошки нарушувања, потешкотии и проблеми, кои потекнуваат од посиромашни семејства.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица
-

Премиерот Мицкоски во посета на Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово
-

Охрид преполн со туристи за празничниот викенд
-

Одржана 15-та средба на Русалии, единтвените играорци чувари на традицијата на бежанците од Егејскиот дел на Македонија
-

Охрид и ова лето во духот на музиката
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер
-

Почина 72 годишен скопјанец на Инфективна – шеста жртва со западно-нилска треска
