Хуманитарен настан „За ХАЕ, на точак“

Хуманитарен настан „За ХАЕ, на точак“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Здружението на пациенти заболени од ретката болест Хередитарен ангиограм - ХАЕ Македонија“.
Планирано е група велосипедисти облечени во маички и со промотивен материјал да возат велосипеди низ центарот на Скопје. Поаѓањето е напладне од парк Жена борец, а ќе заврши кај Школка во Градски парк, каде ќе биде послужено освежување, промотивен материјал и ќе биде поставена кутија за донации.
Целта на иницијативата на здружението е подигнување на јавната свест за ова ретко збаолување кај општата популација, шредизвиците и проблемите со кои се соочуваат заболените.
ХАЕ е ретка болест која што настанува заради недостиг на крвниот протеин Ц1 инхибитор и се манифестира со отекување на делови на телото. Овие отоци, доколку се јават на одредени витални органи (како на пример грло, лице, абдомен, дишни органи), може да доведат до животно-загрозувачки состојби. Заради манифестацијата на симптомите од болеста, можни се погрешни дијагнози, а со тоа и погрешен третман на заболувањето со што се загрозува дополнително здравјето на пациентите, а се оптоваруваат и медицинските установи со непотребни интервенции и трошоци, велат од Здружението.
Во Македонија од септември минатата година се обезбедува терапија, но, наведуваат од Здружението, количините се недоволни, и начинот на достапност за сите пациенти се уште не е соодветно регулиран.
ХАЕ - Македонија како организација која ги застапува интересите на пациентите заболени од ХАЕ е основана во 2009 година, а од 2012 година е членка на меѓународната организација за пациенти со ХАЕ – HAE International.
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
