Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра

Општинското кривично државно обвинителство во Загреб подигна обвинение против 58-годишен државјанин на Северна Македонија, кој се товари дека лажно претставувајќи се како лекар измамил шест лица за вкупно 41.400 евра, објави хрватскиот портал Индекс.
Според обвинението на Државното обвинителство на Република Хрватска (ДОРХ), кривичните дела биле извршени во јуни и јули 2025 година во Загреб, при што обвинетиот дејствувал заедно со засега непознати лица.
Обвинетиот, телефонски ги контактирал оштетените и лажно им се претставувал како лекар, тврдејќи дека членови на нивните семејства се тешко повредени во сообраќајни несреќи и дека се потребни пари за покривање на трошоците за лекување.
Откако оштетените ќе се согласеле да платат, обвинетиот или неговите соработници ги преземале парите. Со измамата биле оштетени шест лица, а вкупната материјална штета изнесува 41.400 евра.
Обвинението е поднесено до Општинскиот казнен суд во Загреб, а 58-годишникот се товари за три кривични дела измама според член 236 став 1 и уште три кривични дела измама според член 236 став 2 од хрватскиот Кривичен закон.
Обвинителството предложило и продолжување на мерката притвор поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
