Хрватскиот сабор во колапс

Откако лидерот на Мост, довчерашната помала членка на владејачката коалиција, Божо Петров поднесе оставка на позицијата претседател на Саборот, во законодавниот дом настана колапс и нов хаос.
Танјуг пренесува дека на неговото место седна поранешниот претседател на Саборот Жељко Рајнер, но на тоа реагираше пратеникот на Мост, Никола Грмоја, кој од потпретседателот на Саборот побара веднаш да стане од столчето, цитирајќи го Деловникот за работа на Саборот.
Според Деловникот, објасни Грмоја, право да седне на столчето на претседателот на Саборот има само потпретседатлот од редовите на парламентарното мнозинство.
Бидејќи денеска, меѓутоа, Саборот гласаше нерешено за довербата на министерот за финансии Здравко Мариќ (75:75), Мостовци сметаат дека Саборот нема парламентарно мнозинство и со самото тоа никој не може да го преземе претседавањето со Саборот.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
