Хрватски полицаец пукаше во мигрант

Хрватската полиција денеска соопшти дека полицаец застрелал мигрант во подрачјето Мркопоље, поради тоа што тој давал „активен отпор“. Мигрантот е полесно повреден.
Ова е втор случај полицаец да пука во мигрант за помалку од еден месец во Хрватска.
Во полициското соопштение се посочува дека инцидентот се случил вчера, доцна попладне, кога полициски службеници кои спроведуваат зајакнати активности за сузбивање на незаконската миграција, затекнале група непознати лица.
„За време на полициското постапување, едно од затекнатите лица, во обид да го спречи полицискиот службеник да извршува службена работа, давал активен отпор и на тој начин, со своето дејствување предизвикал испукување од огнено оружје на полициски службеник, и притоа се здобил со повреда“, се наведува во полициското соопштение.
Хрватската полиција информира дека мигрантот се здобил со полесна повреда, а се работи на утврдување на сите околности под кои се случил инцидентот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури
