Хрватска усвои пакет за поддршка на економијата во вредност од 3,9 милијарди евра

Хрватскиот Парламент прифати владин пакет мерки во вредност од 30 милијарди куни (3,9 милијарди евра) за да и помогне на економијата погодена од епидемијата на коронавирус.
Пакетот содржи 63 мерки насочени кон зачувување на работни места и плати, јави Хина. Овие мерки ќе им овозможат на претприемачите и граѓаните погодени од коронавирусот да го одложат плаќањето на јавните давачки, како што се даноците на приход и добивка, и придонесите.
Плаќањата ќе бидат одложени на три месеци, со можност за продолжување на уште три. Потоа, ќе биде овозможена отплата на тие долгови, на рати на 24 месеци без камата.
Државата ќе даде заем без камати на локалните единици на хрватскиот Институт за здравствено осигурување и Хрватскиот пензиски фонд до висина на износот што го изгубиле.
Се одложи плаќањето на туристичка членарина за деловните субјекти и приватни изнајмувачи, како и плаќањата на туристичката такса за приватни изнајмувачи.
Ново на Сител
-

Оризопроизводителите алармираат, откупната цена не ги покрива трошоците
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
