Хрватска ги забранува мобилните - и на часовите и на одморите за децата во основните училишта
Во следниот период се очекува да стапи во сила нова регулатива со која целосно ќе се забрани користењето на мобилни телефони во основните училишта во Хрватска - и за време на наставата и во текот на одморите.
Министерот Фукс за RTL изјави дека многу скоро ќе биде донесено правило кое строго ќе забрани употреба на телефони во основното образование, без разлика дали е на час или надвор од него.
Во средните училишта забраната нема да биде толку ригорозна. Телефоните ќе бидат недозволени за време на часовите, освен ако професор не ги користи како дел од наставата, но за време на големите одмори ограничувањето ќе биде потешко да се спроведе.
Министерот спомена и можност да се воведе законско ограничување за користење мобилни телефони кај малолетници, слично на правилата за алкохол и цигари, но додаде дека за таква мерка е потребен поширок општествен договор. „Правно може брзо да се регулира, но потребни се повеќе разговори и усогласување,“ рече тој.
Фукс призна дека и во неговото семејство е тешко да се постават граници. „Имам тинејџери-внуци и, за жал, многу време минуваат на телефон. Се трудам да влијаам на нивните родители, но кај секој семејство ситуацијата е различна.“
Тој нагласи дека најголемиот предизвик се социјалните мрежи и дека тука главната улога ја имаат родителите. Иако постојат возрастни ограничувања, како што е TikTok од 13 години, прашањето е кој навистина го контролира тоа. Без активна вклученост на родителите, мерките тешко се реализираат, предупредувајќи на ризиците по менталното здравје на децата.
Ново на Сител
-

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност
-

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството
-

Унгарската „Електробус - Икарус" и австриската ЕВН ги исполниле условите за набавка на автобуси и полначи
-

Масар Омерагиќ на Конгрес на FIFA во Ванкувер
-

Спремни за спектакл: Македонските кикбоксери јуришаат на „ВАКО Европскиот куп Вараждин Опен 26“
-

Полицаец од Битола возел со 1,51 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Димитровски: Бугарите ќе станат дел од Уставот во оној момент кога од другата страна ќе видиме подадена рака по неколку основи
-

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
