Хрватка измамена за 67.000 евра со лажна бизнис-понуда на интернет
Иако инвестициските понуди на интернет ветуваат брза заработка, граѓаните честопати завршуваат измамени за големи суми, предупредуваат познавачите.
Тоа ѝ се случило на 45-годишна Хрватка од Бјеловар која пријавила дека била оштетена за 67.000 евра со лажна понуда на интернет за инвестиција во бизнис со нафта.
Жртвата наишла на интернет-напис за вложување во нафта, суровини и криптовалути, па ги оставила своите податоци, по што за три месеци ја контактирале неколку луѓе преку телефонски повици, е-пошта и апликации за комуникација. Ја убедувале дека наводно заработува многу, вложувајќи во нафта, но префрлањето пари го условиле со плаќање данок на добивка, па така 45-годишната жена во десетици наврати уплатила вкупно над 67.000 евра.
Но, таа не добила пари од инвестициите.
Измамниците често нудат наводни можности за инвестиција и заработка, како што се акции, обврзници, криптовалути, нафта, благородни метали или алтернативна енергија во својата или други земји. Знаци што укажуваат дека се работи за измама, се честите ненајавени повици, како и дека понудата наводно е достапна „само за Вас“, „само на ограничено време“ и ќе треба да не ја споделувате со други.
Она што граѓаните може да го сторат за да се заштитат од овој вид измами е да побараат непристрасен финансиски совет пред да инвестираат. Граѓаните кои веќе вложиле во нешто непостоечко, ќе треба да им го опишат сѐ тоа на властите, за да натаму се предупредат што повеќе луѓе кои би можеле да станат жртви на истите или други измамници.
Ново на Сител
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти
-
Голема полициска акција: Уапсени над 20 лица за криминал тежок 6,5 милиони евра
-
ДУИ со една реченица ја поздрави одлуката на Стејт Департментот, не запираат рекациите
-
Објавени документи пред утрешната одлука на Уставниот суд за јазиците
-
Протест во Скопје за спас од загадениот воздух
-
Предлог буџетот за следната година на пленарна седница