Хрватица сними ужасна глетка: На дрвото висеше џиновска змија и голташе влакнест плен

Мишел Хуњак, Хрватица која живее во Австралија, снимила ужасна глетка додека шетала по популарната туристичка дестинација Бајрон Беј. Имено, таа таму здогледала огромен питон кој висел на дрво и голтал опосум.
На џиновската змија и требале околу 15 минути за да го доврши својот ручек.
-Бев повеќе заинтригирана и возбудена отколку исплашена, рече Хуњакова за Ченел 9.
Овој вид на питони се вообичаена појава во Австралија и може да порасне до 3 метри во должина.
Експертите тврдат дека големите питони може да изедат суштества кои се дури седум пати поголеми од главата ан змијата. Не спаѓаат меѓу отровниците, но затоа ги користат своите заби и челичната вилица за да го голтнат својот плен.
Питоните сакаат да јадат големи „залаци“ зошто тогаш не мора да јадат често. Сакаат да живеат на дрво, но и во куќите во предградието.
Се памети случајот на воден питон виден во 2014 година како четири часа се борел со крокодил, по што го победил на крајот и го изел.
Ново на Сител
-

Работник ги нападнал газдите со нож поради неисплатени дневници
-

Рубио: Иран моли за договор
-

Град Скопје: Нови 60 садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето
-

Утре пороен дожд, грмежи и ветер
-

Општина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невремето за да се обезбеди соодветна поддршка
-

Вардар поразен на домашен терен од Рига
-

Со даночно затајување управител и правно лице го оштетиле Буџетот за 8.070.791 денари
-

Средба Лавров - Рубио на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила
