Хрват пакува „џебна" ракија

Еден загрепчанец започна да продава ракија во сувенирни пакувања од по 20 милилитри, кои ќе можат да се носат в џеб, пишува хрватски „Нови лист".
Градежниот инженер во пензија Златан Ребец во 2008 дошол до идеја да отпочне приватен бизнис и купил машини за производство и пакување влажни марамчиња.
Идејата за ракијата му дошла сосем случајно, додека размислувал што да прави со тие машини зиме, оти марамчињата повеќе се продаваат во летната сезона.
Ребец се консултирал со својот пријател Игор Магдиќ, кој прави ракија, и така дошле до заедничката замисла - да ја пакуваат како сувенир.
Пакетчињата содржат разни видови ракија - од вишни, боровинки, сливи, од круши и специјалната „мајмунска" - од банани.
Засега пакетчињата можат да се купат во Загреб, Дубровник и Сплит, но производителот преговара и за пласман во Австрија и Германија, поточно во ски центрите, каде што џебната ракија е веќе тестирана.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје
-

За разговори меѓу Скопје и Софија ќе се чекаат подобри времиња
-

Брза помош Скопје - Помалку сообраќајки со тешки последици, зголемен број на мозочни удари
-

Кои се пропустите на угостителските објекти: Засилени теренски контроли на МВР и инспекциските служби
-

Ако Уставниот суд ги укине блок тарифите, неминовно ќе биде поскапување на струјата, велат експертите
-

Пораки за сплотеност и единство - Македонија го чествува денот на Св. Климент Охридски
-

Охрид го слави заштитникот на градот
-

По ковид пандемијата, „Eпидемија“ на семејно насилство во Mакедонија
