Македонија
19. January 2019 - 13:05

Христијан Митрески го фати крстот во Кичево

Христијан Митрески од Кичево го фати крстот во осветените води на градскиот базен во Кичево. Митрески досега два пати учествувал на оваа манифестација, а денеска среќата му се насмевна по прв пат.

– Го фаќам крстот прв пат и сфаќам дека ова не е случајно бидејќи оваа година и се вработив во АРМ. Имам 21 година, изјави Митрески, кој им посака здравје и среќа за сите верници.
 
Во осветените води на градскиот базен во Кичево скокнаа околу 36 верници.
 
Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари подари четири златни крста за Кичево, Другово, Белица и Цер каде се одвива овој верски обред.