Живот
7. February 2016 - 11:14

Храброст или лудост: Сам влезе на теренот и се пресмета со противничките фанови!

Една од најлудите аматерски снимки викендов ни пристигнува од Англија, каде на натпреварот меѓу Саутенд Јунајтед Колчестер Јунајтед, е „уловен“ неверојатно храбар навивач.
 
Натпреварот заврши со победа на Колчестер 3:0, но еден навивач на Саутенд не можеше да се помири со поразот , па собра храброст и сам им се спротивстави на фановите од другата трибина.
 
Навивачот, мирно се спушти од трибината и се упати кон противничките навивачи, а обезбедувањето на стадионот успеа да го запре дури кога стигна до нив и физички се пресмета.