Хованец: Грција не може да ги најде десетте бегалци за Чешка

Прага нема да ги прифати од Атина десетте мигранти, како што беше предвидено со европските квоти за мигранти, бидејќи грчките власти „не можат да ги најдат“.
Ова го изјави чешкиот министер за внатрешни работи, Милан Хованец, додавајќи дека на чешка територија годинава поради безбедносните проверки нема да пристигнат ниту неодамна најавените 80 мигранти од Турција, јави дописникот на МИА од Прага.
Според квотите на Унијата, Чешка до 2017 година треба да прими 2.691 мигранти од медитеранските земји, кои најмногу се погодени со бегалската криза.
До сега земјата понуди преселба на 20 луѓе од Грција и десет од Италија. После безбедносните проверки на крајот од април во Чешка пристигнаа само четири сириски бегалци од Грција.
-Чешка во моментов нема да прима десет луѓе од Грција, бидејќи грчките власти не можат да ги најдат, изјави Хованец.
Според Хованец, поради миграциската криза, земјата се подготвува во догледно време да ја зајакне безбедноста на границите со Германија. Хованец подвлече дека некои германски политичари најавија дека ќе бидат екстрадирани стотици илјади неуспешни баратели на азил и претпоставува дека при масовното заминување можно е некој да сака да остане на чешка територија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
-

Новогодишно украсување: Штипјани најскапо ги чинело, а една фирма добила скоро 80% од тендерите
