Хоти: Косовскиот север може да се интегрира само во нормална ситуација и без притисоци
Поранешниот косовски премиер, Авдулах Хоти вели дека единствено во нормална ситуација и без притисоци може да се постигне интеграцијата на северот на Косово, населен со мнозинско етничко српско население, во политичкиот, економскиот и општествениот живот на државата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Преку својата страница на Фејсбук, Хоти порача дека „Косово има потреба од нормалност во политиката, економијата и односите со странство“.
– Само во една нормална ситуација може да има развој и подобар живот за сите граѓани без исклучок. Секој друг пристап е штетен и опасен по евроатлантската иднина на Косово, вели Хоти.
Во северно Косово веќе дваесетина дена се одржуваат протести на локалното мнозинско српско население против новоименуваните градоначалници Албанци во тамошните четири општини, кои беа избрани на вонредните избори во април годинава, кои Србите ги бојкотираа.
Меѓународната заедница, пред сé САД и Европската унија, најавуваат санкции за Косово, доколку премиерот Албин Курти не ги исполни нивните барања за смирување на состојбите во тој дел од земјата, пред сé повлекување на специјалните полициски единици кои ги обезбедуваат тамошните општински згради, како и што поскоро одржување нови вонредни локални избори, на кои ќе учествуваат и Србите.
Ново на Сител
-

ССМ утре продолжува со блокадите
-

Реална училишна компанија, од клупа на практична работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
