Хоспитализиран 56-годишен пациент од сообраќајката кај Соколарци

Во штипската Клиничка болница е примен 56-годишен пациент од Виница, по сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип-Кочани меѓу пробиштипска клучка и спанчевска крстосница.
Од Клиничка болница-Штип велат дека во тек се испитувања и снимање на пациентот, кој е хоспитализиран кај нив.
Од Секторот за внатрешни работи од Штип информираат дека околу 13 часот во Полициската станица Кочани било пријавено оти на експресниот пат Штип – Кочани се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со винички регистарски ознаки и товарно возило сопственост на Армијата на РСМ.
Притоа, пет лица се здобиле со повреди, од кои четири се пренесени во болницата во Кочани и едно во Клиничката болница Штип, се вели во соопштението на СВР-Штип.
Во писменото соопштение на СВР-Штип се наведува дека увидот е во тек.
Ново на Сител
-

Конференција „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“
-

Утрово најтопло во Скопје и Велес, најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Повторно раст на цената на нафтата
-

ЕУ и Австралија постигнаа историски договор за слободна трговија и одбранбено партнерство
-

Дебата за институционалните капацитети за спречување и борба против корупцијата
-

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Хрватска, средби со Милановиќ и Пленковиќ
-

Тркалезна маса за можноста за воведување уставна жалба
-

Тел Авив под оган, Иран негира преговори: Ескалација на конфликтот на Блискиот Исток
