Хоророт кој го потресе регионот: Мајката на силуваното и убиено детенце се онесвести од болка

Манијакот го однесе моето детенце, го грабна од местото каде тоа седеше со другите дечиња. Ја силуваше мојата ќеркичка и и ја удирал главата со камен. Срцето ќе ми пукнеше кога дознав. Се срушив на подот без свест. Мојот брат Далибор сакаше да го убие, но јас лично очите ќе му ги извадев ако го фатев пред полицијата.
Ова го раскажува мајката на тригодишното детенце од Зајечар, Србија, кое беше грабнато, силувано и убиено. 34-годишната Даниела Стефановиќ, мајката на тригодишната Ангелина која беше силувана од роднина на куќна слава, вели дека ова е најголемиот удар кој им го задал животот.
За потсетување, викендов хорор го потресе регионот кога се дозна дека малото дете било грабнато од куќна слава, силувано и убиено со боксови и тупаници. Монструмот го удирал со камен во главата.
Се работи за 28 годишниот В.Ц. кој на полицијата и го признал делото.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
