Хорор во Македонија: Ја сечел со скалпел и нож и ја силувал во продавница
Вистински хорор ја потресе Македонија, откако 32-годишна тетовчанка пријавила дека била силувана во продавница. Во 06 часот вчера во Полициска станица Тетово, 32 годишна жена пријавила дека на 09.07 годинава во 22 часот и 30 минути на улицата "Илинденска" во Тетово, пред продавницата за овошје, побарала запалка од вработениот Б.Ф.(31) од селото Мала Речица за да запали цигара, по што истиот ја повикал да влезе внатре за да ја земе.
Откако жената влегла внатре, Б.Ф. ја заклучил влезната врата и со закана со скалпер и нож се упатил кон неа, ја удрил во пределот на главата, таа паднала на подот и почнала да вика за помош. Потоа ја фатил за коса и почнал да ја влече по подот, нанесувајќи и повреди со ножот и скалперот по телото, а потоа ја силувал.
На несреќната жена и била укажана лекарска помош во Клиничка Болница-Тетово, каде се констатирани телесни повреди по телото.
Извршен е увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Влада: 50-тина училишта ќе добијат фотоволтаични системи
-
ФА: Мудрик пред четиригодишна суспензија
-
Гвардиола го избра Силва за нов капитен
-
Порази на Ивановски и Стоилковска
-
Светскиот рекордер Домен Превц доби споменик на Планица
-
ФИФА: Продадени 1.5 милиони влезници за Светското клупско првенство
-
Најмногу дожд во Лазарополе и Охрид, нестабилно време и денеска
-
34-годишен велешанец уапсен на Евзони за грабеж и убиство во Германија