Хорор во Хрватска: Маж силувал девојче со хендикеп повеќе од 100 пати, доби 6 години затвор
Монструм кој две години сексуално злоставувал и користел тешко болно девојче со висок степен на инвалидитет е осуден на шест години затвор во сплитскиот суд, јавуваат хрватските медиуми.
57-годишниот педофил бил пријател на родителите на девојчето, кое во моментот на извршување на злосторствата имало нешто повеќе од 11 години. Ја напаѓал и сексуално ја експлоатирал, иако девојчето го туркало поради болки, пишува далматинскиот портал.
Тоа го правел се додека еднаш не бил фатен на дело од мајката на девојчето. Во тој момент, сето тоа го снимал со својот мобилен телефон.
Подоцна било откриено дека две години сексуално го злоставувал.
Далматинскот портал наведува дека на крајот добил казна од само шест години затвор. Со оглед на тоа што судењето беше затворено за јавноста, не се знае како е образложена пресудата, се додава.
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола